СПАСОВСКИ УЧЕСТВУВАШЕ НА РЕГИОНАЛНАТА КОНФЕРЕНЦИЈА НА МАРРИ „УСПЕШНИ ЗАЕДНО! РЕГИОНАЛНИ СОГЛЕДУВАЊА И ПРИСТАПИ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ И БОРБА ПРОТИВ ТРГОВИЈАТА СО ЛУЃЕ“

0
494

Денеска (30.05.2023) министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски беше дел од регионалната конференција „Успешни заедно! Регионални согледувања и пристапи за спречување и борба против трговијата со луѓе“, во организација на Регионалната иницијатива за миграции, азил и бегалци – МАРРИ, а во присуство на претставници од невладини и меѓународни организации.

Истакнувајќи дека превенцијата и сузбивањето на трговијата со луѓе се високо позиционирани на агендата на Владата на Република Северна Македонија, а со тоа и на македонската полиција, министерот Спасовски рече дека тоа продуцира партнерски пристап и заеднички придонес кон зголемување на ефикасноста на системот како целина и ефективно справување со овој вид криминалитет. Според министерот Спасовски, Министерството за внатрешни работи пристапува со посебно внимание кон случаите на трговија со луѓе, имајќи ги во преден план последиците кои предизвикуваат тешки човечки трауми за жртвите.

„Од досегашното искуство во справувањето со трговијата со луѓе, надлежните служби и единици во рамки на Министерството издвојуваат неколку начела, според кои се преземаат сите натамошни активности. Имено, борбата против трговијата со луѓе првично бара проактивен и мултидисциплинарен пристап, поради што ги вклучуваме сите релевантни партнери од институционалните сектори, граѓанското општество и меѓународната заедница и работиме на развивање на регионалната соработка и обезбедување континуирана обука на стручни лица од сите профили.

Притоа, клучен елемент за преземање континуирани мерки во насока на подобрување на идентификацијата на жртвите од трговијата со луѓе, како и обезбедување нивна помош и заштита во нашиот систем претставува Националната комисија за борба против трговија со луѓе и криумчарење мигранти и Националниот координатор на Република Северна Македонија”, истакна Спасовски, напоменувајќи дека активностите на Националната комисија се современи и иновативни, бидејќи ги следат стандардите за делување од земјите членки на Европската Унија и даваат конкретни насоки за институциите и невладините организации, со цел соодветно преточување во домашното законодавтство.

Министерот Спасовски во своето обраќање се осврна и на моменталните состојби во Република Северна Македонија во делот на трговијата со луѓе, подвлекувајќи дека за разлика од порано, денес Република Северна Македонија е земја на крајна дестинација, земја на потекло и земја на транзит кога станува збор на трговијата со луѓе.