СПАСОВСКИ ПО ОБЈАВИТЕ НА МИЦКОСКИ ЗА СЛУЧАЈОТ ОНКОЛОГИЈА : СЕКОЈ КОЈ ИМА ДОКАЗИ, ДА ГИ ДОСТАВИ ДО ОБВИНИТЕЛСТВО

0
403

„Важно е за која било постапка која што се води, доколку кој било граѓанин поседува какви било докази, тие докази да ги достави до надлежното јавно обвинителство и на тој начин да помогне во истрагата“.Ова го изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на денешната седница на собраниската Анкетната комисија за скандалот во Клиниката за онкологија одговарајќи на прашање од пратеник по наводите што ги изнесе вчера претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за случајот повикувајќи се на извештаи од свиркачи.

-Прво, јас не можам да знам и ниту треба да знам кој и какви намери има со објаснување на било какви информации. Доколку постојат докази, а не ги доставува до надлежните истражни органи, ќе значи прикривање на доказите. Или пак доколку постојат докази, а ги објавува јавно како документација кои се наоѓаат како дел од предметот, тоа значи компромититање на доказите и на целата истражна постапка – рече Спасовски.

Тој истакна дека во моментов не смее и ниту може да изнесува информации, податоци за тоа кои документи се одземени од страна на МВР преку наредбата од надлежниот суд и обвинителство во однос на целиот овој процес.Спасовски рече дека настаните за Онкологија почнуваат на 31 август 2023 година кога првпат од страна на крим-полиција, Секторот за економски криминал и корупција доставено е известувањето до ОЈО и посочи дека тие траат до денеска и ќе траат се до завршување на целата постапка.

-Сите информации, оперативни сознанија, податоци кои што ги прибираме и можат да бидат од корист на истрагата и завршување на целиот овој предмет и сите барања кои се добиваат од страна на ОЈО за постапување се анализираат и се доставуваат во истрагата затоа што веројатно сето она што може да биде од помош, од корист за да дојдеме до конечниот одговор е суштината на целиот овој предмет. За сите аспекти кои се поврзани со настанот се анализира, рече Спасовски.