Шилегов за престојот во Маврово: Бев во своја куќа, опозицијата направи замена на тези

0
774

Петре Шилегов, градоначалникот на Скопје, ја обвини опозицијата дека направила замена на тези по сознанието дека тој е на својот имот во Маврово додека главниот град беше затворен во тридневен карантин. Според Шилегов, опозицијата го искористила моментот да поентира во период кога не можела да најде забелешка на неговото работење.

– Очајот и немањето одговор на новите политики и услуги кои ги креира градот, опозицијата ја заменува со искористување на тезите за тоа каде сум бил и што сум правел. Јас ќе одговорам со уште поголем ангажман. Ние се уште немаме почнато, допрва ќе стартуваме со новите работи и рпоекти, реле Шилегов, одговарајќи на новинарско прашање.

Шилегов вели дека на неговиот претстој во Маврово не реагирале критички граѓаните, туку според него, станува збор за агресивна кампања од опозицијата против него.

– Не гледам револт кај граѓаните, тоа е спин од опозицицијата. Никој не знае кога сум заминал, како живеам со моето семејство, не можат да најдат забелешка за работата и прават изместување на тезите, депласирана е таа вест, само зошто сум бил во своја куќа, наведе скопскиот градоначалник.