ВУКО МЕЛОВ : МИТКО ЈАНЧЕВ СЕ ФАЛИ СО ВЛАДИНИ ПРОЕКТИ, КАВАДАРЦИ СТАНУВА ГРАД НА СОЦИЈАЛНА НЕПРАВДА И ГРАД НА НЕЕДНАКВИ ПРАВА И МОЖНОСТИ

0
561

Почитувани сограѓани

На половина од вториот мандат на градончалникот Митко Јанчев, беше презентирана прес конференција во организација на градоначалникот и дел од службите на локалната самоуправа, на која беше извршен обид за презентација на реализирани проекти и инвестиции на територијата на општина Кавадарци.
Неодминлив е впечатокот дека од она што беше презентирано сериозен дел е во директен судир со објективната виситина, а сериозен дел кој директно засега во јавниот интерес и социјалната политика во градот воопшто не беше треиран.Она на што се сведоци нашите сограѓани, се јавните давачки кои во екот на сериозни економски кризи исклучително го оптеретуваат социјалниот сегмент и го дефинираат Кавадарци како скапо место за живеење.

Енромно се зголемени цените на комуналните услуги:
– Износот на смет;
– Јавно зеленило;
– Jавна чистота;
– Цена на вода;
– Зголемен данок на имот;

– Зголемена цена на детска градинка;
– Едни од највисоки цени за јавен превоз и паркинг во градот;
Како растеа цените на јавните услуги во град Кавадарци така растеше и партиската војска на ДПМНЕ во јавните институции и јавните претпријатија во градот, вдомена на партиска апанажа на народен грб и товар.Па така на секое јавно појавување на градоначалникот, неодминлив декор во позадина е се побројната и масовна партиска легија која е најголемата капитална инвестиција финасирана од општинскиот буџет и народни пари.

Кога сме кај капиталните инвестиции постанува редовна пракса капиталните проекти реализирани директно од Владата, се презентираат како највисок дострел во работата на градоначалникот и локалната самуправа.Овде да расчистиме еден битен момент, СДСМ нема никаков проблем, се што се гради и реализира во Кавадарци, да се превзема како наводен проект на градоначалникот. Проблемот е што таквата усвоена пракса има сериозен проблем со вистната и реалните постигнувања и инвестиции на овој состав на локалната самуправа.

На пример се потенцира на секоја средба со граѓаните и посебно во отчетот дека три капитални инвестиции, Затворен базен, Дом за стари лица и Центарот за лица со попреченост се главни атрибути за јавна комуникација на Митко Јанчев.Она што е неспорен факт и неизбежна вистина, е дека сите три капитални проекти се во директна надлежност и инвестиција на Владата.

Еве ако направиме и анализа на она што е презентирано како сработено и интегрирано во отчетот на Јанчев повторно доаѓаме до ноторни факти и грубо манипулирање со вистината.
– Изградбата на дестската градинка Сонце;
– Новата спортска сала на О.У Страшо Пинџур;
– Нова водоводна линија во населбата Брушани, преку ТАВ програмата;
– Проектот на поврзување на локални патишта во кој реконструирани се улиците: Илинденска, Дисанска, Браќа Џунови, Пионерска, Западен булевар, Слога, Вељко Влаховиќ, Максим Горки, Димката Ангелов Габерот;

Ова се проекти кои се директни инвестиции на Владата во изминатите две години во Кавадарци
Тоа се фактите.Tоа е вистината.Jавниот простор го градиме како одговорни политички субјекти тогаш кога ја зборуваме виситната.
Kога има работа и резултати, нема потреба од јавна манипулација и заобиколување на виситната.

Она што остана како главен капитален проект од гламурозниот отчет, е изградбата на голема заобиколница од фактите и јавната перцепција на граѓаните, а е трасирана во изнесента оценка дека 90% од програмата на половина мандат е реализирана.
Па така ако се фрли поглед навистина на изборната програма и јавни ветувања како главни капитални објекти се наведен:

– Изградба на заобиколница;
– Доградба на спортска сала Јасмин;
– Нов граничен премин Пуљевац;
– Дестилана;
– 3Д Кино
– Гасификација;
– Зоолошка градина;

Покрај наведените и многу други проекти кои не се ни во почетна фаза на реализација .
Едноставно Кавадарци кој пред се е работнички, земјоделски град, се дефинира како скапо и елтно место за живеење, каде јавните давачки на грбот на работниците и земјоделците се основа за масовни партиски вдомувања во јавните институции и претпријатија.Каде се формира лажна каста на повластени граѓани и новопечени олигарси, кои се дебело повластени во пристапот на јавните добра.

Кавадарци станува град на социјална неправда и град на нееднакви права и можности .
СДСМ е опозиција во локалната самуорава и секогаш на браникот на јавната вистина и добра.
Остануваме посветени на јавниот интерес, социјалната правда и пред се животот на нашите граѓани.

Вуко Мелов, Претседател на СДСМ Кавадарци