Спасовски за советникот на Груби фатен со дрога: Тоа е крајно неморално, вицепремиерот да размисли дали уште ќе го ангажира

0
688

Запрашан за дрогата понајдена кај советникот на потпретседателот на владата Артан Груби, и дали ќе се побара политичка одговорност, Спасовски смета дека е крајно неморално некој да помисли дека треба да преземе било каква општествена одгооворност после вакви случаеви.

-Тоа е недозволен и некоректен однос према граѓаните на ова земја и потпретседателот Груби треба сериозно да размисли дали има потреба од ангажман на такви лица во неговиот кабинет, рече Спасовски.