ЉУПЧЕ ЗЛАТЕВ СО НОВИ ШОКАНТНИ СНИМКИ ЗА КУРТО ДУДУШ : Дудуш не го тепал соработникот сам, го тепале и негови помагачи!

0
1444

Порталот „Лидер“ денеска објави 18-минутна аудио-снимка која, според медиумот, покажува како градоначалникот на Шуто Оризари заклучува во својата канцеларија вработен во општината и притоа вербално и физички го малтретира. „Лидер“ објави дека снимката всушност претставува целосна верзија од вчера објавената снимка, која била скратена. Од порталот посочуваат дека материјалот им го доставил свиркач, кој е вработен во општината.

-Насилникот тепа, а вели дека вас ќе ве тужел. Обвинува дека било монтирано, а јасно се гледа дека тепал. Тргнати беа само деловите во кои има и други луѓе, некои му помагаат во тепањето, а некои го одвраќаат. Еве ви го цело видео. Вели дека ќе тужел и кажува дека тепаниот е осуденик, а тој го избра да му биде најблизок соработник. Сега го тепа. Кој е Куцо да тепа? Полиција? Суд? Еве ви го целото видео. Нека видат сите каков човек е! – вели свиркачот, пренесува „Лидер“.

Претходно, Дудуш изјава за Фокус изјави дека станува збор за монтирана сминка која, според него, се користи во функција на политичка хајка со цел нарушување на неговиот углед.

-По повод вчерашната аудио-снимка објавена од т.н новинар Љупчо Златев на која тврди дека се слуша мојот глас, сакам да му порачам, неговото новинарство и професионалност е познато веќе од одамна на пошироката јавност. Со континуирано вклучување во монтирани политички хајки против мене нема да стане поугледен новинар, туку само ќе заработи соодветна пријава за нарушување на углед и чест. Соработката со криминалци од калибарот на Сенат Јашар, поранешен осуденик за вооружен грабеж и осомничен за ред други случи на насилство и нарушување на јавен ред и мир, нема да му донесе новинарски поени бидејќи од такви лица може да добие само монтирани аудио снимки. Да имало вистина во снимката, ќе имало повредени, лекарско уверение, случај! – рече Дудуш.

Во однос на тоа реагираа и политичките партии. СДСМ побара институциите да го расчистат случајот, а ВМРО-ДПМНЕ побара оставка на Дудуш од градоначалничката функција. Полицијата веќе го истражува случајот.