СПАСОВСКИ ДО ГИР : ПОСВЕТЕНИ СМЕ КОН УСПЕШНО ОРГАНИЗИРАЊЕ НА МИНИСТЕРСКИОТ ФОРУМЗА ПРАВДА И ВНАТРЕШНИ РАБОТИ ВО СКОПЈЕ

0
315

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска оствари работна средба со амбасадорот на ЕУ во земјава, Дејвид Гир. На средбата меѓудругото станало збор и за коорганизацијата на македонското МВР и МВР на Шпанија на претстојната Конференција на министри за правда и внатрешни работи ЕУ-Западен Балкан која во периодот 26 и 27 октомври се одржува во Скопје.

Спасовски ја истакна посветеноста кон организирањето на Форумот, по вторпат во нашава земја притоа информирајќи го амбасадорот Гир дека се преземени сите неопходни активности во насока на успешна организација на овој убав настан од огромно значење за граѓаните и за Република Северна Македонија. Спасовски и Гир разговараа и за актуелни теми наредниов период меѓу кои и за претстојните избори, а во насока на заштита од сајбер напади.