СПАСОВСКИ : ДА НЕ СЕ ПОЛИТИЗИРААТ ИНЦИДЕНТИ НА ХУЛИГАНИ, МВР ГО РАСЧИСТИ ЕКСПРЕСНО ИНЦИДЕНТОТ ВО КУМАНОВО, МНОГУ ПОГОЛЕМИ ИГРАЧИ НЕ УСПЕАЛЕ ДА ГО НАРУШАТ СОЖИВОТОТ ВО КУМАНОВО

0
408
Прво, тоа што го даде како известување СВР Куманово, уште во вчерашниот ден е расчистен целосно овој случај – се работи за група хулигани кои од за нив познати причини сметале дека треба да извршат ваков напад. Очекувам дека институциите на прогонот ќе бидат ригорозни во овој дел и ќе мораат да се носат санкции.
Второ, многу поголеми играчи не успеале да го нарушат соживотот во Куманово. Во Куманово сите ние кои живееме знаеме многу добро да се почитуваме, без разлика дали сме Македонци, Албанци, Срби, Бошњаци, Власи, затоа што Куманово е Македонија во мало. Граѓаните се пред сѐ луѓе кои взаемно се почитуваат и ги негуваат традициите на соживот. Јас повикувам на смиреност кај граѓаните и да не ги политизираме сите овие случаи. Линк до изјавата ОВДЕ.