УЧЕБНАТА ГОДИНА ЌЕ СЕ ОДВИВА СО ФИЗИЧКО ПРИСУСТВО И ПОЧИТУВАЊЕ НА ЗДРАВСТВЕНИ ПРОТОКОЛИ, ЦАРОВСКА: САМО ЗА ДЕЦА СО ХРОНИЧНИ БОЛЕСТИ ЌЕ ИМА ОНЛАЈН НАСТАВА

0
725

Учебната година за учениците во Северна Македонија ќе започне на први септември со физичко присуство и со здравствени протоколи. Според министерката за наука и образование Мила Царовска, сите се подготвени за организирање настава со физичко присуство на учениците во училиштата и за тоа се донесени и посебни протоколи, кои предвидуваат носење маски, почесто миење на рацете, проветрување на просториите и распоред на влегување во зградата за да нема метеж.

“Искуството што го имаме од минатата година укажува на тоа дека епидемиолошката служба утврдува дали цело одделение или само заболениот ученик ќе оди во изолација. Лани немавме интерен пренос на болеста кај учениците” – рече министерката Царовска. За децата со хронични болести кои нема да можат да следат настава во училиште, ќе се организира онлајн настава.

Според првичните протоколи, додека се во училница учениците носат маска. Имаат 5 минути одмор на кој може да ги извадат маските. Протоколите ќе треба да се почитуваат исто како што беше и лани кога во училиште одеа само децата до трето одделение.