МИЦКОСКИ СЕ ПОЖАЛИ ДЕКА МУ БИЛА НИСКА ПЛАТАТА ОД 50.000 ДЕНАРИ, ВРЗУВАЛ КРАЈ СО КРАЈ

0
696
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска говореше за висината на неговата плата, која како што вели, е двојно помала од директорските кои се појавија во јавноста овие денови.

Слушам еден од тие вчера вели дека мала била директорската плата од 80-90 илјади денари. Јас сум редовен професор на универзитетот и мојата плата како доктор на науки, како редовен професор, кој што треба да биде педагог и да образува луѓе, е двојно помала од таа“, вели Мицкоски.

Платите на универзитетските професори на УКИМ се движат од 50 000 денари па нагоре, некои што се декани или работат на проекти земаат и до 200 000 денари.