СПАСОВСКИ : ГРУЕВСКИ МОЖЕ ДА СЕ ВРАТИ САМО ВО ЗАТВОР

0
312

„Никола Груевски ќе биде уапсен ако дојде во Северна Македонија. За него нема само еден предмет, има повеќе предмети. Нема законско решение кое него го амнестира за сите одлуки кои се донесени за издржвуање притвор ил изатвор, ниту делата за кои се терети може да застарат“ рече министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски во „Трилинг“ на ТВ24.

Тој додаде дека за да има помирување во општеството мора да се сноси одговорност и дека не гледа друг начин за Груевски да се врати во земјата освен да лежи во затвор. „Немам никаков однос за неговите ставови. Не гледам причина зошто некој би се плашел од човек кој флагрантно ја злоупотребил својата позиција и за кој се водат постапки“ рече Спасовски. Министерот доаде дека не смее да има неказнивост, бидејќи тоа рраѓа нова неказнивост и создава правна несигурност. „Најдобро е Груевски да се врати, а ако се врати ќе се врати во затвор. Нема начин како може да се врати, а да не одговара“ рече Спасовски.