(ВИДЕО) Заев до администрацијата: Груевски плати не ви дава од мајка му Нада, доста му се плашевте, доста треперевте, доста ве понижуваше, приклучете ни се и придонесете за спасот на Македонија!

0
1642

Дел од обраќање,
Зоран Заев, претседател на СДСМ
Охрид, Митниг, 05.12.2016
Една порака до јавната администрација, да не дозволите повеќе да ве лажат!

Груевски плати не ви дава од мајка му Нада. Плати дава од тоа што народот и вие плаќате даноци на оваа држава, не зависите од никого. Испраќам порака, на никого нема да му фали влакно од главата сите што имаат намера чесно да си ја извршуваат својата работа, професионално, и отчетно кон својот народ, ви ветувам влакно нема да ви фали.

Доста му се плашевте, доста треперевте, доста моравте лајкови да ставате на нивната страна, доста морате на митинзи да одите, доста ве понижуваше. Оваа земја е ваша, колку што е на сите други. Имате обврска и вие да се приклучите и да ја вратите оваа земја во нормала заедно со сите нас.

Што мислите на нас ни е лесно? Овој народ овде нема закани и уцени, нема заплашувања? Но знаат овие луѓе дека Македонија е во прашање, дека народот е во прашање.

Затоа повик до јавната администрација, уште неколку дена да ни се приклучите на ваквите протести, на ваквите митинзи, на ваквите дебати, коишто ги водиме во јавноста. Ве повикувам рамо до рамо со нас да се одважите и да се охрабрите затоа што и вие сте чеда на оваа наша Македонија, и вие имате обврска да придонесете кон спасот на Македонија, решение е пенкалото. Пенкалото на 11 декември и заокружување 4 за живот во Македонија.

Почитувани граѓани, кога веќе се е јасно вечерва исправено овде, простум стоејќи пред вас, пред охриѓани коишто ги почитувам длабоко во душата. Барам поддршка, барам поддршка за борбата, барам поддршка за одважноста, барам поддршка за храброста, барам поддршка за мојата и вашата Македонија, барам поддршка за да го вратиме животот во нашата Македонија.

Ве повикувам кога веќе знаеме се, кога нема повеќе тајни, кога имаме одлична понуда за враќање на животот во Македонија, кога направивме се, се што ниедна опозиција не направила никаде во светот.

Ве повикувам да бидете одговорни граѓани на оваа наша земја да застанеме храбро и мудро да донесеме одлука. Таму на гласачкото ливче ако се вперите ќе ја најдете, и слободата, и демократијата, и правдата, и единството, и спокојот, и сплотеноста, таму ќе го најдете и животот во Македонија.

Ве повикувам да гласате за бројот 4.

Ве повикувам да гласате за живот во Македонија. Да ја зграпчиме детелинката со 4 листа, затоа што секој од вас заслужува среќа.

Имаме работлив народ, имаме одлична географска поставеност, имаме наши природни богатства и ресурси, имаме наши туристички можности, имаме наши минерални суровини! Ајде да му покажеме на светот дека може во Македонија да се живее исто како во западна Европа.

Да гласаме за Живот во Македонија.

Да живее Охрид! Да живее Република Македонија и сите нејзини граѓани!