СО ДОНАЦИЈА ОД МАКЕДОНСКАТА ВЛАДА, БУЛДОЖЕР ЧИСТЕШЕ СНЕГ ВО ГОЛО БРДО

0
328

Булдожер што во август македонската Влада го донираше за Голо Брдо, албанска општина главно населена со Македонци, се чистеше снегот во завеаните села.

Ова го објави македонската амбасада во Тирана, а со градежната машина најпрво од големите наноси на снег исчистен е патот Требиште-граничен премин Џепиште, кај Дебар.

„Административната единица Требиште на чие чело е администраторот Едмонд Османи, го ставија во употреба булдожерот дониран од Владата на Република Северна Македонија и започнаа со расчистување на снежните наноси на патиштата меѓу селата“, стои во објавата на амбасадата.

Потоа се продолжило со чистење на патиштата со кои другите населени места се поврзани со Требиште, седиште на административната единица. Македонците во оваа област веќе три дена се без електрична енергија.

Премиерот Димитар Ковачевски во август објави дела градежна машина за чистење на снегот во зима и светилки за улично осветлување ќе биде донирана денеска престојуваше меѓу Македонците во областа Голо Брдо, Албанија.

„Акцискиот план за поддршка на нашите Македонци од Голо Брдо и Пустец ја покажува нашата поддршка за подобрување на условите за живеење на нашинците кои живеат овде и го исполнуваме нашиот заеднички договор“, рече тогаш Ковачевски.