(ВИДЕО) ЗАЕВ ИМА ОГРОМНО СРЦЕ ШТОМ МИСЛИ И НА ГРУЕВЦИ – СЕГА КОНЕЧНО ЌЕ ГО ОМАЖИМЕ И ИЛЧЕ ВЕЛЕШАНЧЕ : Заев најави нов закон за заштита од дискриминација на прославата на роденденот на ЛГБТ Центарот за поддршка

0
2108

Центарот за поддршка на ЛГБТ заедницата вечерва прослави пет години постоење во Музејот на современа уметност во Скопје, каде што премиерот Зоран Заев најави нов закон за заштита од дискримиација во согласност со меѓународните стандарди, објави А1он.

Освен премиерот на прославата се обрати и Кочо Андоновски, програмскиот директор на Центарот, кој кажа дека направиле четири кампањи на локално ниво, за време на режим кој што ги напаѓал.

– Два пати бевме цел на напади, токму на нашите родендени, рече Андоновски.

Премиерот Заев ја уплатил и првата донација за Сигурната куќа на Центарот за поддршка на ЛГБТ заедницата, а вечерва тој порача дека Македонија е држава на сите граѓани. Тој потсети дека инцидентите против ЛГБТ Центарот се уште не се расчистени и најави промена на состојбите.

Од Центарот известија дека во моментов 10 луѓе живеат во Сигурната куќа, бидејќи останале бездомници поради нивната сексуална ориентација.

Видео – А1он