ГЛАВНИОТ ОДБОР НА СОЈУЗ НА БОРЦИ ИМА РЕНОВИРАНИ ПРОСТОРИИ

0
870

После повеќегодишното талкање заради узурпираното и одземено седиште на Главниот одбор(Домот на воените инвалиди),Сојузот на борците доби на времено користење од Министерството за одбрана во Домот на АРМ простор во кој ќе може достоинствено и непречено да функционира. Во изминативе месец дена се изврши обновување, целосно реновирање, обезбедување нов мебел, како и нова опрема за работење.

Се работеше посветено тоа наше катче да добие целосна работна функција.

Освен постепеното средување на документацијата и значајните тековни проекти,се обидовме да внесеме и малку препознатлив топол амбиент,преку детали и фотографии.

Мало,но исполнето.
Продолжуваме.