КОВАЧЕВСКИ : ЗА ПРВ ПАТ КАЈ НАС ЌЕ СЕ ПРОИЗВЕДУВААТ ЕЛЕКТРИЧНИ ВОЗИЛА

0
669

Во Република Северна Македонија, за прв пат, ќе се произведуваат електричните возила e-GO. На денешната владина седница ја одобривме владината поддршка за да се реализира оваа мултимилионска германска инвестиција, која ќе даде голем придонес во македонската економија, напиша премиерот Димитар Ковачевски на социјалните мрежи.

-Првата фабрика од автомобилската индустрија во која за прв пат ќе се произведуваат целосни електрични автомобили се гради во ТИРЗ Тетово. Со изградбата на новата фабрика обезбедуваме нови работни места за нашите граѓани, договори за дополнитена соработка со други локални компании, извоз на производи со голема додадена вредност, пренос на знаење и технологии. Ова е можност Северна Македонија да биде мапирана од странските инвеститори од автомобилската индустрија. Како Влада правиме сѐ за да обезбедиме подобра иднина за сите наши граѓани-напиша Ковачевски.