СОПРУГОТ НА НЕНСИ ПЕЛОСИ СО ПУКНАТ ЧЕРЕП – НАПАЃАЧОТ ЌЕ ОДГОВАРА ЗА ОБИД ЗА УБИСТВО, БИЛ ФАН НА ТРАМП И ДЕЛ ОД ДВИЖЕЊЕТО КЈУАНОН

0
519

Инцидентот ги поттикна стравувањата за политичко насилство на помалку од две недели пред среднорочните избори кои ќе одлучат за контрола врз Претставничкиот дом и Сенатот, кои доаѓаат во услови на најжешка и поларизирана политичка клима во САД во последните децении.

Лицето кое упадна во домот на претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси, и со чекан го удри нејзиниот сопруг во главата извикувајќи „Каде е Ненси” се очекува да одговара за убиство во обид и за голем број други тешки кривични дела.

Полицијата првично одби да го открие мотивот за петочниот напад во Сан Франциско врз Пол Пелоси (82), кој, според канцеларијата на неговата сопруга, бил опериран поради фрактура на черепот и повреди на десната рака и дланка, иако лекарите очекуваат целосно закрепнување.

Инцидентот ги поттикна стравувањата за политичко насилство на помалку од две недели пред среднорочните избори кои ќе одлучат за контрола врз Претставничкиот дом и Сенатот, кои доаѓаат во услови на најжешка и поларизирана политичка клима во САД во последните децении.

Демократката Пелоси, која е втора во уставната линија за наследување на американскиот претседател, за време на нападот во нејзиниот дом беше во Вашингтон.

Таа веднаш се врати во Сан Франциско за да биде со нејзиниот сопруг. Три темни теренски возила, за кои се верува дека припаѓаат на специјална единица за безбедност, вчера беа паркирани, заедно со патролно возило на градската полиција, пред Општата болница „Цукерберг” во Сан Франциско, каде што Пол Пелоси е примен на лекување .

Во болница беше и нивниот син Пол Пелоси Џуниор, кој на новинарско прашање за состојбата на татко му одговори „засега е добро”.

Претседателот Џо Бајден денеска на новинарите им изјави дека сопругот на Пелоси е „многу подобар” и дека се чини дека нападот бил „наменет кон Ненси”.

Полицијата го идентификуваше напаѓачот, кој беше уапсен на местото на настанот, како Дејвид ДеПејп (42). Британските медиуми наведуваат дека и тој, исто така, е пренесен во болница во Сан Франциско.

Евиденцијата на шерифот покажува дека ДеПејп бил задржан под сомнение за обид за убиство, напад со смртоносно оружје, злоставување постари лица, претепување, провална кражба и неколку други кривични дела. Обвинението ќе биде поднесено утре, а неговото покренување се очекува во вторник, соопшти окружното обвинителство во Сан Франциско.

Шефот на полицијата во Сан Франциско, Вилијам Скот, во петокот вечерта изјави дека полициските детективи, потпомогнати од агенти на ФБИ, допрва треба да утврдат што го поттикнало упадот во домот на семејството Пелоси, но додаде „знаеме дека ова не е случаен чин”.

Дејвид Депапе(42), човекот кој со чекан влезе во домот на Ненси Пелоси, познатата претседателка на Претставничкиот дом на САД и му зададе фрактура на черепот и повреда на раката на нејзиниот сопруг, со себе имал торба во која носел повеќе пластични ремени. Ова за Си-Ен-Ен го тврдат два извори кои рекле дека осомничениот носел и селотејп. Депапе ќе се соочи со обвинение за обид за убиство, но и за напад со смртоносно оружје, кражба и други дела.

Во моментот на апсењето на напаѓачот, ниту еден од двајцата извори не знаеле дека тој има и пластични ремени со себе. Сега се смета дека Депапе пробал да го врзе сопругот. „Каде е Ненси“ извикал тој откако влегол во нивната спална соба во домот во Сан Франциско.

Иако полицијата сè уште не го утврдила мотивот, тие веруваат дека Депапе намерно влегол во куќата. Полицијата соопшти дека тој влегол преку задната врата и не било јасно дали заобиколил некакви безбедносни мерки.

Пол Пелоси успеал да се јави на 911 на почетокот на нападот, изјави претходно извор од органите за спроведување на законот и друг извор запознаен со ова прашање. Тој успеал да ја одржи линијата отворена и диспечерот можел да слушне разговор во позадината, зборувајќи прикриено, но јасно кажувајќи дека му е потребна помош.

– Полицајците, додека сè уште беа надвор од прагот на вратата, им заповедаа на двајцата да го фрлат чеканот. Г-дин Депапе веднаш го повлече чеканот од г-дин Пелоси и насилно ги нападна со чеканот – изјави Вилијам Скот, шефот на полицијата на Сан Франциско, на прес-конференцијата во петокот.

Пол Пелоси беше пренесен во болница по нападот и беше подложен на „успешна операција за санирање на фрактура на черепот и сериозни повреди на десната рака и раце“, рече Дру Хамил, портпарол на Ненси Пелоси, во изјавата во петокот рано навечер. Се очекува Пол Пелоси целосно да закрепне.

Ненси Пелоси во саботата во писмо до сите членови на Претставничкиот дом на САД рече дека нејзиниот сопруг продолжува да закрепнува по нападот, но дека нивните деца и внуци „се скршени и трауматизирани“.