(ВИДЕО) 8 полицајци го чуваат грбот на С. Мијалков, 6-мина за Јанкуловска, 2-ца за Спасовски-Чавков не открива дали имаат закани по живот

0
1138

Министерот за внатрешни работи тврди дека има закани по живот на поранешни функционери, но не ги открива имињата на загрозените и дали поради тоа екс министерката Јанкуловска и екс директорот на УБК Сашо Мијалков имаат обезбедување подолго од предвидениот законски рок, пренесува Телма.

Чавков не сакаше да каже ниту дали заканите доаѓаат од странски служби или од надвор. Владата пред 8 дена ја смени уредбата за заштита на функционери и сега не е одреден временски рок за заштита на поранешни функционери туку дека полицијата ќе ги штити додека тие се загрозени.

-Ова решение е базирано на проценка на ризици, рече министерот за внатрешни работи Митко Чавков.

Прашање: Има ли проценка за ризици?

Чавков:Има, секако.

Прашање: За кои функционери?

Чавков: Не би сакал сега да..

Прашање: А колку функционери, за колкав број на функционери станува збор, еден двајца, 5-мина?

Чавков: Не би сакал да прејудицирам сега со таа бројка. Еве, еден од тие кои добиваат заштота е Оливер Спасовски.

И во вчерашното соопштение на МВР Оливер Спасовски, краткорочниот опозициски министер е посочен како пример на поранешен функционер кој за обебзедување има двајца полицајци и користи возила.

Обезбедувањето на Спасовски е двојно помало од онаа на Јанкулоска и 4 пати помало од државните бодигарди кои го чуваат грбот на Сашо Мијалков. Вработени во безбедносните служби за Телма тврдат дека за обезбедување на Мијалков работат 8 луѓе од МВР со 4 возила од кои два џипа, додека екс министерката ја штитат 6-мина со три возила распоредени во смени.

Чавков нивните имиња не ги спомна иако директно беше прашан за Јанкуловска и Мијалков, и побрза да одговори пред директорот на УБК кој беше прашан за безбедносни закани кон функционери.

За последните 8 дена никој не побарал заштита според новата Уредба, а министерот тврди дека нема да постапуваат по барања туку МВР ќе проценува чиј живот е загрозен.

-Сега со измената ние сме должни секаде да дадеме заштита секогаш ома реални и конкретни закани, истакна Чавков кој рече дека тие одлуки не се носат по барање на поранешен функционер туку по сопствени процени и сопствени информации на МВР.

Министерот тврди и дека тој не го предложил осомничениот од СЈО Тони Јакимовски за кандидат за генерален директор на регионалната антикриминална мрежа СЕЛЕК со седиште во Романија.

-Тони Јакимовски не е предложен од мене туку се пријавил, аплицирал на јавен оглас, на меѓународен јавен оглас за кандидат за директор на СЕЛЕК, тврди министерот Митко Чавков.

Од Букурешт, каде е седиштето на СЕЛЕК на почетокот на август пак на прашпањата на Телма одговорија дека кандидатурата на Јакимовски е примена официјално по дипломатски канали, а на веста за изборот стои дека Македонија предложила свој кандидат што е спротивно на толкувањата на министерот Чавков.

Јакимовски, поранешен шеф на оддел во УБК и близок соработник на екс директорот Мијалков е второосомничен во случајот Тврдина. СЈО го гони за злоупотреба и фалсификување документи при уништување на системите за следење на комуникации преку кои е извршено нелегалното прислушување.

И покрај тоа, Јакимовски е втор кандидат на Македонија (во првиот неуспешен избор во мај Македонија предложила друг кандидат) за врвната функцијаво СЕЛЕК, а никој не ја известил организацијата за неговиот статус-осомничен во тековната истрага Тврдина. СЕЛЕК е регионална организација на 12 земји од југоисточна Европа со седиште во Букурешт, а нејзина цел е борба против прекуграничен криминал и трговија со дрога, оружје и луѓе. Јакимовски е избран за генерален директор на СЕЛЕК со мандат од 4 години.

ВИДЕО прилогот ОВДЕ