СООБРАЌАЈОТ НА ПАТОТ МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА – ДЕЛЧЕВО ПРЕНАСОЧЕН ПРЕКУ ВИНИЦА И СТОЈМИРОВО

0
621

Патот Македонска Каменица-Делчево ќе биде забранет за сообраќај најдоцна до понеделник, поради сериозни оштетувања на мостот на Црквенска Река. Мостот, кој се наоѓа на два километра пред Делчево од патната делница А3 која води кон Бугарија. Патот е оштетен по вчерашните поројни дождови, кои предизвикаа поплави во овој крај.

Од овие причини сообраќајот од и кон Бугарија наместо преку Македонска Каменица и Делчево ќе се прнасочува преку Виница, Смојмирово и Пехчево и обратно.