БАЈДЕН ЌЕ ГО ПРЕГАЗИ ВМРОВЕЦОТ ТРАМП КАКО ШЛЕПЕР ЖАБА, БЕРНИ САНДЕРС СЕ ОТКАЖА ОД ПРЕТСЕДАТЕЛСКАТА ТРКА

0
1135

Сенаторот од Вермонт му ја отстапи номинацијата на поранешниот потпретседател Џо Бајден.

Сенаторот Берни Сандерс излезе од претседателската демократска трка. Тој денес ја прекина неговата претседателска кампања, отстапувајќи му ја номинацијата на поранешниот потпретседател Џо Бајден.

Сенаторот од Вермонт, кој се опишува себеси како демократски социјалист, се залагаше за либерални идеи, како „Медикеар“, владина програма за здравствено осигурување на сите граѓани.

Ова е втора негова претседателска кампања, а ја прекина по повеќе изгубени примарни избори.

78-годишниот сенатор победи на изборите во првите три сојузни држави на почетокот на годината, по што не успеа да обезбеди широка поддршка од гласачите во останатите сојузни држави.