ЛОГА : ВМРО-ДПМНЕ ГО ИМА ЗАШТИТЕНО МЕРКО, ЧЕТИРИ ГОДИНИ НЕ ПОСТАПИВТЕ ПО ПРИЈАВИТЕ

0
775

Министерот за правда Кренер Лога рече дека ВМРО-ДПМНЕ го заштитил струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, бидејќи додека биле на власт не процесуирали ниту една пријава против него.

Ова тој го кажа во одговор на претеничко прашање на денешната седница на Собранието.Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојановски го праша и министерот за правда Лога, кој порано бил вработен во Општина Струга, зошто сѐ уште не е постапено по шест предмети против Рамиз Мерко и дали тоа се европските вредности поради кои неговата партија Алијанса за Албанците влегла во Владата.

Лога одговори дека го чека извештајот од Судскиот совет од контрола што ќе се изврши во Основниот суд во Струга. Тој рече дека во времето кога ВМРО-ДПМНЕ биле на власт, од тогашниот градоначалник Зијадин Села најмалку 20 предмети биле поднесени во обвинителството во Струга и до МВР.

„Во 2013-2017, кога јас бев секретар на Општината, централна власт беше ВМРО-ДПМНЕ, државниот обвинител беше избран од ВМРО-ДПМНЕ. Тогаш каде беше ВМРО-ДПМНЕ? Можам да заклучам дека вие го имате заштитено бидејќи четири години немавте постапено. Во тоа време јас лично и до Гордана Јанкулоска имам пуштено писма за наводи за постоење криминал. Жал ми е што денеска прстот го вперувате кон мене“, изјави Лога.