СЛУЖБЕНО ВОЗИЛО НА УЈП ВО ПРИЛЕП СО ДВА ПРЕКРШОЦИ, БЛОКИРА ВОЗИЛО И ПАРКИРА НЕПРОПИСНО НА ПАРКИНГ ЗА ПРОТИВ ПОЖАРНИВОЗИЛА, ПОЛИЦИЈАТА НЕ ГО КАЗНУВА ТУКУ ГО ОДМИНУВА СЛУЖБЕНОТО ВОЗИЛО

0
76

Службено возило на Управата за јавни приходи непрописно паркирано на паркингот позади некогашната бања во центарот на Прилеп блокира друго возило и паркирано непрописно на паркинг наменет за возила на против пожарната служба, полицијата го одминува, не го санкционира возачот бидејќи е службено возило на УЈП или државна институција.

Ова е дел од секојдневието во Прилеп каде граѓаните секојдневно се соочуваат со селективна правда за што велат ,,на ова паркинг место често пати пајакот не казнува кога има акција, но кога се работи за возила на големци или државни институции тогаш законот е селективен”.

На втората фотографија се гледа како полициските службеници го одминуваат службеното возило на УЈП и не го санкционираат возачот додека обичните смртници добиваат глоба од 300 денари за симнување од канџи или плаќаат и поголеми глоби доколку пајак им го дигне автомобилот.