Земјоделците се приклучуваат на Шарената револуција, ќе ги блокираат патиштата

0
1120

Земјоделците од денеска и се приклучуваат на Шарената револуција преку блокади на патиштата во Крива Паланка и во Облешево во 13 и во 19 часот.

„Во нашата здруженост и барања земјоделците гледаат можност за Македонија во која институциите ќе работат и за нивните интереси и за нивната потреба за социјална правда. Во „борбата“ тие ќе постават блокади на патиштата и за денес најавуваат блокади во Крива Паланка во 13 и во Облешево во 19 часот. Нема правда, нема мир! Македонија е на нозе“, велат од неформалната граѓанска иницијатива „Протестирам“.