СЛОГАНОТ НА МАКСО ЌЕ БИДЕ МАКСИМУМ ЗА МАКЕДОНИЈА

0
211

Денес во просториите на Движење ЗНАМ-За наша Македонија, кандидатот за
Претседател на Македонија г-дин Максим Димитриевски одржа брифинг со
новинарите.

Г-дин Димитриевски ја информираше јавноста дека кампањата за Претседател
ја почнува утре, од Крушево, град симбол на македонската државност.
Презентацијата на програмата, под наслов МАНИФЕСТ ЗА МАКЕДОНИЈА ќе се
одржи пред споменикот МАКЕДОНИУМ со почеток во 13,00 часот
Програмата НА претседателскиот кандидат НА Движење ЗНАМ за наша
Македонија, – Манифест за Макединијаќе опфаќа пет начела и пет
приориритети во првите 200 дена.

Слоганот под кој што ќе ја водиме кампањата ќе биде МАКСИМУМ ЗА
МАКЕДОНИЈА.

Ќе водиме скромна, позитивна кампања која ќе опфати директни средби со
граѓаните, и организација на неколку мини митинзи, од кои два ќе бидат
од помасовен карактер.

Исто така на брифингот беа презентирани дел од одговорите на прашањата
кои се содржани на анкетата нарачана од движењето ЗНАМ-ЗА НАША
МАКЕДОНИЈА, за потребите на нашиот аналитички центар.

Анкетирањето беше спроведено од 11 до 17 март 2024 година со употреба на
CATI метода телефонско анкетирање на репрезентативен примерок од 1500
испитаници на тероторијата на цела Македонија, со пропорционален опфат
на сите етнички заедници, со интервал на доверба 95% и маргина на грешка
+-3%.Одговорите на прашаната Ви ги доставуваме во прилог.