РАДЕВ СЕ ЗАКАНИ СО ,,ТЕШКИ ПОСЛЕДИЦИ” : ВЛАДАТА НА ПЕТКОВ ТРЕБА ДА ГИ ОТФРЛИ СИТЕ СОМНЕЖИ ДЕКА МОЖЕ ДА ОТСТАПИ ОД ВЕТОТО ЗА С.МАКЕДОНИЈА

0
762

Бугарскиот претседател Румен Радев, коментирајќи пред новинарите во Софија, рече дека Владата на Кирил Петков треба да ги отфрли сите сомнежи дека може да се повлече од ветото за Република Северна Македонија.

Тој потсети дека следната недела премиерот Кирил Петков ќе замине во Брисел каде мора да ги брани националните интереси.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Народното собрание и Бугарите, според Радев, мора однапред и јасно да знаат каков став ќе заземе бугарскиот премиер во Брисел и тоа според него не може да отстапи од рамката на Советодавниот совет за национална безбедност од почетокот на годинава.

Според Радев, секоја измама или обиди за замена и заобиколување на националната позиција ќе има тешки последици.