СЛАВЕСКИ : ПРИЧИНИТЕ КОИ ДОВЕДОА ДО НАЗАДУВАЊЕ СЕ КОРУПЦИЈАТА И ДЕГРАДИРАНИТЕ ИНСТИТУЦИИ ОД СТРАНА НА ВЛАСТА

0
301

Доколку постоела политичка волја многу одамна нашето прашање за преговорите ќе било решено, не со барање на изговори.  Македонија треба да ги штити своите национални интереси, да го зачува својот идентитет, кој е од разни страни напаѓан, во исто време да ги негува односите со ЕУ, изјави Трајко Славески член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Совет на Град Скопје за „Аргумент плус“ на ТВ24.

Славески истакна дека најдобро е да се свртиме кон себе, да видиме кои се причините кои доведоа до назадување, странски претставници ни кажуваат дека состојбата е влошена во економија, високи буџетски дефицити, популизам од невидени размери, високо ниво на корупција, деградирани институции од страна на оваа власт.

Ние треба да се средиме самите себе, да ги зајакнеме институциите, да се бориме против корупција, а сето она што ќе дојде како поддршка од ЕУ дали како помош, грантови, треба до максимум да го искористиме, рече Славески.

Во однос на изборите тој рече дека граѓаните се одлучени за кого ќе го дадат својот глас според она што се случува на економски и социјален план и гледајќи ги институциите во Македонија.