ПЦЕР бара УЈП да влезе во Сител, Канал 5 и во Алфа

0
1111

Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР) реагира на потрошените народни пари од страна на власта за свои партиски реклами во телевизиите Сител, Канал 5 и Алфа во износ од над 600 милиони денари.

„Бараме од Упаравата за јавни приходи да изврши увид на излезните фактури на овие три телевизии. Го повикуваме директорот на УЈП да испрати инспекциски служби во овие телевизии кои се збогатија со народни пари“, велат од ПЦЕР.