Околу “ДУКОВСКИ” етиката и професионализмот во Адвокатурата

0
1985

Кодексот на професионалната етика во Адвокатурата меѓу другите, содржи и принцип според кој помеѓу адвокатот и клиентот мора да постои однос на доверба, а ваквото нешто може да се постигне исклучиво доколку адвокатот поседува лично достоинство, чесност и интегритет. Овие традиционални вредности за адвокатот се и професионална обврска.

Меѓу другото овој кодекс му дава за право на адвокатот да одбие одбрана на клиент меѓу другото и поради постоење на незначителни изгледи за успех во предметот.

Поради тоа, се поставува прашањето: каква етичка вредност промовира колегата Дуковски, кој до вчера јавно даваше изјави дека меѓу другите, меѓу кои е и сегашниот негов клиент Канчевска, има непобитни докази за криминал со кој е нарушен опшествениот систем и се злоупотребувани буџетските средства на штета на сите граѓани, сега се става во улога на нејзин бранител и тврди дека таа/ие, се невини пред лицето на правдата.

Таквиот пристап е нечесен, пред се кон клиентот а тоа претставува и чин преку кој колегата на преден план ја става материјалната пред моралната карактерна вредност во работењето.

#дадениотЗборЗаПариНеСеГази

Фејсбук статус на адвокат Жарко Стеваноски