СКОПЈЕ УТРЕ ЌЕ СЕ РАЗБУДИ СО БЛОКАДИ НА ЦРВЕН КРСТ, СУДСКА ПАЛАТА И ИЛИНДЕНСКА, ПРИВАТНИТЕ ПРЕВОЗНИЦИ ПРОДОЛЖУВААТ СО ШТРАЈКОТ

0
534

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека на 05.12.2022 (пoнеделник), поради најавено одржување на протест, со почеток во 06.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје ќе преземат мерки за посебен режим на сообраќајот.

Притоа, посебниот режим на сообраќај ќе биде воспоставен на бул. „Илинден“ – од крстосницата на бул. „Илинден“ со бул. „Св. Климент Охридски“, до крстосницата од бул.„8 Септември“ и бул. „Илинден“ – крстосницата од ул. „11 Октомври“ и бул.„ Кочо Рацин“ (Црвен крст) и крстосницата од бул. „Гоце Делчев“ и бул. „Крсте Мисирков“ (Судска палата).

Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до сите граѓани да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот со цел безбедност на сите учесници во сообраќајот – се истакнува во соопштението на МВР.