ОПШТИНА ГАЗИ БАБА ГО ДОНЕСЕ БУЏЕТОТ ЗА 2024, СТЕФКОВСКИ НАЈАВУВА СИЛЕН РАЗВОЈ

0
247

ДОНЕСЕН БУЏЕТОТ ЗА 2024 ГОДИНА!
Почитувани граѓани,
Со особено задоволство сакам да Ве информирам дека на денешната редовна седница на мој предлог, Советот на општина Гази Баба го усвои буџетот на општина Гази Баба за 2024 година.
Следува година на силен развој за општина Гази Баба!
Со новиот буџет се определуваат средства за:
Изградба на нова училишна зграда на ООУ Крсте Мисирков;
Целосна реконструкција на Културниот дом во Ченто;
Изградба на нова детска градинка во Трубарево;
Изградба на нова детска градинка во Инџиково;
Изградба на нова детска градинка кај салонот Мерцедес;
Изградба на нов модул за фекална канализација во Јурумлери;
Изградба на нова последна фаза на фекална канализација во Гоце Делчев и Чукур Маало;
Изградба на нови спортски терени;
Изградба на нови детски забавни катчиња;
Асфалтирање на локални улици;
Субвенционирање на граѓаните за набавка на инвертер клима уреди;
Субвенционирање на граѓаните за набавка и вградување на сончеви колектори;
Субвенционирање на граѓаните за набавка на велосипеди;
Субвенционирање на граѓаните за набавка на печки на пелети;
Субвенционирање на граѓаните за вградување на уреди за течен нафтен гас;
Субвенционирање на граѓаните за чистење на оџаците;
И многу други проекти кои во следниот период ќе бидат презентирани на граѓаните.
Сакам најнапред да се заблагодарам на граѓаните на општина Гази Баба кои земаа активно учество во креирањето на буџетот за 2024 година и затоа овој буџет слободно може да го носи името “Граѓански буџет”.
Им благодарам и на претседателот и членовите на Советот од Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата кои дадоа поддршка на идниот развој на општина Гази Баба.
Не очекува година во која ќе се реализираат голем број на проекти со кои ќе ја направиме општина Гази Баба подобро место за живеење! – напиша Стефковски.