ВОДАТА ВО ПРИЛЕП ЌЕ ПОСКАПИ ЗА 33 ОТСТО

0
331

Управниот одбор на прилепски „Водовод и канализација“  ја прифати одлуката на Реулаторната комисија за зголемување на цената на водата за пиење. Цената би требало да се зголеми за 33 проценти. Оваа одлука треба да ја потврди Советот на општина Прилеп по празниците.

Според директорот на „Водовод и канализација“, Игор Гулабоски зголемувањето за 33 проценти на водата е најниското од понудените цени на Регулаторната комисија. Во просек, сметките за вода за домаќинствата ќе се зголемат за околу 190 денари.

-Според законот имаме регулирана цена на водата. Ние очекувавме Регулаторна да ни достави нови цени, врз основа на нашата работа во последните три години. Во Прилеп месечната потрошувачка на вода на едно домаќинство е околу 10 метри кубни. Па, врз основа на тоа, досегашната просечна сметка од 567,5 денари, со зголемувањето на цената на водата од 33 проценти, ќе изнесува 713 денари. Предлогот го прифати Управниот одбор на претпријатието.

То значи дека Управниот одбор ја прифати минималната зголемена цена што ја предложи Регулаторна од 33 проценти. Инаку, највисокиот предлог за нова цена беше 72 проценти. Зголемувањето на цената е значајно за претијатието да работи рентабилно, изјави Гулабоски. Отанува Советот на општината на наредна седница, а ќе биде во почетокот на 2024 година да ја донесе конечната одлука.Инаку, според ЈКП „Водовод и канализација“ ревизорите по тримесечна работа, не нашле