СКАНДАЛОЗНО ЗАБЕГАНО СООПШТЕНИЕ НА ВМРО ДПМНЕ: ЗА НИВ АБОЛИЦИЈАТА НА ИВАНОВ БИЛА УШТЕ ВАЖЕЧКА, ЌЕ ЈА ВРАТЕЛЕ НА СИЛА КОГА ЌЕ НАПРАВЕЛЕ ВЛАДА?!?!

0
519

ВМРО-ДПМНЕ :Стразбур констатира само преуранетост на апликациите, не навлегува во нивната суштина.

Од опозициската партија велат дека суштината и правдата по однос на овој случај еден ден ќе излезат на виделина, на власта ѝ порачаа да се загрижи за одлуката на Судот во Стразбур, наместо да прави дефокус во јавноста со тоа што ја слави одлуката на ЕСЧП.

Судот во Стразбур не навлезе во суштината на апликациите поднесени од апликантите, туку само констатира преуранетост и неискористување на сите правни механизми во Македонија.

Ваква е реакцијата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ на одлуката на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП), според која се отфрлаат жалбите на осудените и обвинетите од предметите што ги отвори СЈО, а кои поранешниот претседател Ѓорге Иванов прво донесе одлука да ги помилува, а потоа ја повлече одлуката.
Од опозициската партија велат дека суштината и правдата по однос на овој случај еден ден ќе излезат на виделина, на власта ѝ порачаа да се загрижи за одлуката на Судот во Стразбур, наместо да прави дефокус во јавноста со тоа што ја слави одлуката на ЕСЧП.

„Владата наместо да слави за дефокус треба оваа одлука да ја загрижи, бидејќи суштината и правдата еден ден ќе излезат на виделина. Исто како што во јавноста излегуваат на виделина високата инфлација, криминалните тендери, корупцијата, предавствата, неспособноста, како што е последниот случај со повлекувањето на еврообврзницата, со што СДС и ДУИ ја посрамотија државата и го нарушија нејзиниот углед“,велат од опозициската партија.