ДЕСЕТИНА КОШМАРНИ ДЕНОВИ ЗА ЛИДЕРОТ НА ВМРО ДПМНЕ, МОРА ДА Е МНОГУ ТЕШКО ДА СИ ВО КОЖАТА НА ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ

0
614

Се почна со фијаското за пеколоното сценарио за прославата на гробот на Гоце Делчев, иако ВМРО ДПМНЕ се потруди максимално да креира скандал и инцидент после што или ќе паднеше владата или ќе почнеше дипломатска војна во Бугарија, но МВР ги исече во корен и потоа се тргна надолу за Мицковски и ВМРО ДПМНЕ.

Таман ги средивме впечатоците кога дојде апсење на најголемиот медиски џелат и сатрап извршител на медиски политички бизнис нарачки на интернет, Марјан Доказ, со ова ВМРО ДПМНЕ остана без најсилната медиска тупаница кој сееше страв и трепет за многу функционери на СДСМ многу малку од ВМРО ДПМНЕ, со лажни афери, клевети, црна пропаганда, масакар на цели семејства измислување секс афери итн итн…

Таман тоа го прославивме кога ете ти нова влада со Алијанса во влада со што пропадна обидот на Мицковски да го репризира потегот на Заев од 2016-та да со коалиција со Албанци да дојде на власт, ништо од проектот РЕБРЕНДИРАЊЕ НА ВМРО ПРИЈАТЕЛСКА КОН АЛБАНЦИТЕ пропадна таа приказна, сепак се виде дека не може 5 дена да урлаш политички ЗА КЛЕТИТЕ ШИПТАРИ а за викенд да одиш во Гостивар да се сликаш со Таравари по чајџилници, не ја бива таа работа, или Апасиев или Таравари, Мицко го избра првото.

Неуспешно помина и траги комичната скандалозна иницијатива за амнестија на битангите кои тепаа до смрт на 27-ми април. Такво нешто никогаш нема да се случи, нема власт со здрава свест која ќе направи такво нешто, и Мицковски тоа го знае совршено но мораше да глуми пред семејствата на затворениците дека еве нешто прави затоа што ќе му ја запалат партијата затоа што ВМРО ДПМНЕ ги намести да лежат со ветувања дека ќе бидат спасени слободно нека тепаат нема да одговараат.