СКАНДАЛОЗНА ОДЛУКА НА КРИВИЧЕН И АПЕЛАЦИЈА : ДАРАВЕЛСКИ НА СЛОБОДА, УКИНАТА МУ Е ПРЕСУДАТА ПОРАДИ КОЈА БЕГАШЕ ДВЕ ДЕЦЕНИИ

0
917

И покрај неколку испратени барања за екстрадиција до Србија, кривичниот и апелациониот суд во Скопје го прифатија барањето на Драган Даравелски за повторување на судската постапка за финансиски злоупотреби во царината извршени до 2002-ра.На тој начин делото за кое беше гонет Даравелски автоматски му застарува. Даравелски првично беше осуден на 7 години затвор, а пресудата стана правосилна во 2008-ма година.Поранешниот директор на царината беше во бегство повеќе од две децении, а на 11-ти јануари се врати во Македонија и оттогаш е во затворот Идризово.

Тој побара повторно судење на истиот случај бидејќи е осуден во отсуство, судот му го прифати барањето врз основа на законската можност дека осудениот во отсуство има право да бара ново судење во рок од една година од денот кога дознал за пресудата со која е осуден во отсуство.Други правни толкувања беа дека Даравелски го испуштил рокот од една година за повторување на постапката бидејќи бил приведуван во Србија во рамки на есктрадициска постапка иницирана од македонските правосудни органи и тогаш дознал за пресудата. Последното барање за екстрадиција и апсење на Даравелски во Белград беше во март 2016-та.

Даравелски веднаш откако ќе ја прими одлуката за ново судење треба да биде пуштен од Идризово на слобода.Соопштението на скопскиот Кривичен суд во продолжение:Заради интерес на медиумите за предметот против обвинетиот Драган Даравелски, осуден со правосилна пресуда К.бр. 809/05, а кој на 10 јануари беше приведен по распишана меѓународна потерница и спроведен на издржување на затворската казна, ја информираме јавноста дека:

Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје, по добиено барање од адвокатот на Даравлески за повторување на кривичната постапка, оформи предмет и изврши увид во списите на кривично правниот предмет К.бр. 809/05, предметот за извршување на досудената санкција на Основниот суд Киманово со КУИКП бр. 162/10, предметот на кривичниот совет со КС – КР бр. 1085/15, известувањето од КПУ Идризово и прибави мислење од надлежното ОЈО Скопје. Постапувајќи по барањето и по детална анaлиза на прибавените списи и докумeнтација, Кривичниот совет на 03.02.2023 година донесе решение со кое утврди дека барањето е основано и се дозволува повторување на кривичната постапка против обвинетиот.