Уредникот на Плусинфо и Слободен Печат: Јавноста има право да знае за приватноста на политичарите па и на Силвана Бонева!

0
1091

Интересна викенд колумна на Бранко Геровски, еве мал извадок:

Уште повеќе, приватниот живот на сите јавни личности – не само политичари, туку и актери, музичари, познати интелектуалци, новинари, лекари и многу други – денес природно е предмет на внимание на медиумите и на јавноста. Многу од тие личности се наши икони, на луѓето им служат како примери на кои се угледуваат. Јавното експонирање на приватноста е цената на популарноста што секој што е и сака да биде популарен мора да биде спремен да ја плати.

Вонбрачните љубовни врски меѓу обичните луѓе, на пример, се нивни лични драми, додека тие на јавните личности се јавни скандали. Зошто? Разоткривањето на секоја таква врска предизвикува семејна драма и таа објективно ги засега животите на актерите и на нивните најблиски. Последиците кај обичните луѓе ги чувствува нивната непосредна околина – се отвораат контроверзни дилеми за љубовта, за довербата, за родителските чувства и слично, но драмата сепак е камерна, публиката е мала и главно пријателски настроена, со намера повеќе да помогне отколку да суди. Кај познатите личности, драмата се игра пред огромна публика, гладна за сензации, жедна за жртви. Кога актерите на овие драми се избрани функционери, луѓе што раководат со институиции и дури и со цели држави, јавноста неизбежно го поставува прашањето над сите прашања – ако овие луѓе не успеваат да ги уредат сопствените животи, како ли ќе ја уредат државата?

Целата колумна на следниов линк ОВДЕ.