СЕ СКАРАА ВМРО-ДПМНЕ И ПОИНАКУ ВО БИТОЛА, НЕ СЕ ИЗГЛАСАА ГОДИШНИТЕ ПЛАНОВИ ЗА ЈАВНИТЕ ПРЕТПРИЈАТИЈА

0
461
„Почитувани.

На 21 та седница на Советот на Општина Битола одржана на 27.12.2022 година мнозинството во Советотсоставено од ВМРО ДПМНЕ и Поинаку не ги донесе годишните планови и програми на Јавните претпријатија Комуналец, Водовод и индустриската Зона Жабени.

Очигледно е заради меѓусебното покажување на мускули помеѓу советниците на ВМРО ДПМНЕ и Поинаку се  доведе во прашање законското вршење на комуналните дејности во овие претпријатија.

Еден од главните услови за обавување на комунални дејности е законската должност на Јавните претпријатија основани од општината  да донесат годишна програма до крајот на тековната година за наредната година по претходна согласност од советот на општината.

Имајќи во вид дека Советот на Општината не даде согласност на програмите на трите јавни претпријатија почнувајќи од 1 јануари овие претпријатија и нивните директори работаат незаконски.

На советниците од СДСМ им е јасно дека градоначалникот и секретарот на Општина Битола го користат  Поинаку во внатрепартиските пресметки и сакаат да ги сменат директорите на овие јавни претпријатија на кои не им ги усвоија годишните програми, посебно директорот на Водовод кој е и претседател на Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ Битола.

Но, меѓусебните внатрепартиски пресметки во ВМРО ДПМНЕ и пресметките со Поинаку не смеат и не треба да бидат на штета на вработените во јавните претпријатија а особено на граѓаните на Општина Битола.

За да не дојде до поголемо нарушување на работата на овие јавни претпријатија и на дејностите кои тие ги обавуваат,  СДСМ   го повикува и бара  општинскиот  инспекторат да изврши инспекција согласно Законот за комунални дејности.“

Со почит,

Прес центар при СДСМ Битола