СЕ РАЗГОРУВА ВОЈНАТА НА БЛИСКИОТ ИСТОК : ИЗРАЕЛ ЈА НАПАДНА СИРИЈА

0
537
Сириските медиуми пренесуваат дека Израел извршил напади врз Сирија. Според информациите, бомбардирани се аеродроми во Дамаск и Алепо.Веста ја потврди и „Гардијан“.Локалните медиуми наведуваат и дека реагирала сириската противвоздушна одбрана, додека на социјалните мрежи се споделува информација дека се оштетени пистите на тие два аеродрома.

Се наведува и дека на пат за Сирија бил иранскиот министер за надворешни работи, чиј авион веднаш излегол од планираната рута и се упатил назад кон Техеран.Нападот ги потврди стравувањата дека израелско-палестинскиот конфликт, кој започна во саботата и се претвори во најкрвавиот досега, може брзо да се прелее во околните земји.