СЕ ЗАКАНУВАШЕ ПА НА КРАЈ ДЕСНАТА РАКА НА ТЕЛЕФОНИСТОТ ОД ГАЌИ ЈА ИСТРЕСОА : КОМИСИЈАТА ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ДИСЦИПЛИНСКА ОДГОВОРНОСТ ПРИ ЈОРСМ ПРЕДЛАГА РАЗРЕШУВАЊЕ НА ВИЛМА РУСКОВСКА

0
1834

Kомисијата за утврдување на дисциплинска одговорност при Јавното обвинителство на Република Северна Македонија утврди дека поранешната основна јавна обвинителка на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Русковска е одговорна за сторена тешка дисциплинска повреда од член 91 алинеја 6 од Законот за Јавното обвинителство и одлучи да поднесе предлог за нејзино разрешување до Советот на јавните обвинители.

По спроведената дисциплинска постапка против три јавни обвинителки и разгледување на извештајот на обвинителот-известител Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност на јавен обвинител во вршење на јавнообвинителската функција при ЈОРСМ, донесе решение со кое:
– За поранешна основна јавна обвинителка на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција е утврдено дека е одговорна за сторена тешка дисциплинска повреда од член 91 алинеја 6 од Законот за Јавното обвинителство и Комисијата одлучи да поднесе предлог за нејзино разрешување до Советот на јавните обвинители.

– За една јавна обвинителка од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, за утврдена тешка дисциплинска повреда е изречена дисциплинска мерка – намалување на месечна плата во висина од 30% од исплатената нето плата во траење од 6 месеци.
– За една јавна обвинителка Комисијата одлучи да ја ослободи од одговорност, бидејќи не се докажа дека сторила тешка дисциплинска повреда од член 91 алинеја 6 од Законот за јавното обвинителство.

Против Решението на Комисијата, како што информираат од ЈОРСМ, незадоволните страни имаат право на жалба пред Советот на јавните обвинители.​
Во март годинава, обвинителките Вилма Русковска, Ивана Трајчева и Елизабета Јосифоска, беа сослушани во рамки на дисциплинската постапка поведена против нив, а поврзана со претресот во Управата за финансиска полиција.

Поранешната шефица на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) Вилма Русковска, е суспендирана, а паралелно против трите обвинителки се води и истрага по кривичната пријава на екс директорот на Управата за финансиска полиција, Арафат Муареми.Предлогот да се поведе дисциплинска постапка го даде републичкиот обвинител Љубомир Јовески, кој дополнително ја суспендира Русковска и од работа.
Претресот во Управата за финансиска полиција од страна на ОЈО ГОКК беше извршен 18 јули минатата година.