СЕ ГРИЖАТ ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ОД ГОВОРНИЦА : СОВЕТНИЦИТЕ НА ВМРО-ДПМНЕ НЕ САКААТ ДА СЕ ОТКАЖАТ ОД СВОИТЕ ПАУШАЛИ ОД 2 МИЛИОНИ ЗА ДА МУ ПОМОГНАТ НА ЈСП

0
612

Заменик градоначалникот на Град Скопје, Александар Трајановски, денеска ги повика советниците да се откажат од паушалите за да му помогнат на Јавното сообраќајно претпријатие, но како што може да се заклучи од изјавата на координаторката на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, тие не се спремни да го сторат тоа.

– Ако тоа мислите дека ќе ги реши проблемите би се откажале од паушалите, ама тоа не е решение, рече координаторката на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Андоновска која одби директн, со да или не, да одговори на прашањето на новинарот на Инфомакс, Милошевски, дали ќе се откажат од паушалот.

Вкупно сите советници во Градот Скопје земаат околу 2 милиони денари месечно.

ЛИНК од изјавата на Андоновска.