ГОЛЕМ УСПЕХ ЗА ВЛАДАТА НА СДСМ : Хан порача веднаш да започнат преговорите со ЕУ и ја нарече Македонија „светол пример“

0
1031

Предлагам да ги отвориме преговорите со Македонија и Албанија и тоа веднаш, порача еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, кој денеска ги презентираше достигнувањата на земјите од западен Балкан во поглед на спроведените реформи. Во своето обраќање тој се осврна на Преспанскиот договор и договорот за добрососедство помеѓу Македонија и Бугарија.

Хан објасни зошто Европската комисија смета дека веднаш треба да се започнат преговорите со Северна Македонија и Албанија и да се одреди датумот. Според извештајот, ургентна е потребата на Западен Балкан за подобрување на меѓусебните соседски и внатрешни односи, како услов за регионална безбедноста. Тој земјава ја нарече „светол пример“ за другите земји.

-Северна Македонија и Албанија продолжија со реформите, а Северна Македонија исто така постигна решение за долгогодишниот спор со Грција, но и Договор за добрососедство, што е светол пример за другите земји – рече Хан.

Ова е прва препорака за Албанија, а десетта за Македонија. Следно е предлогот да биде одобрен и од советот на министри на земјите членкина ЕУ.