СДСМ : 2 ГОДИНИ ЛОКАЛНА ВЛАСТ, ПРИЛЕПЧАНИ ИЗНЕВЕРЕНИ ОД ДПМНЕ И ЈОВЧЕСКИ

0
385
Поминаа две години, половина од мандатот како локална власт на Борче Јовчески и ДПМНЕ во Прилеп.
Прилепчани се изневерени и разочарани од ДПМНЕ и Јовчески.
По заслуга на ДПМНЕ и Јовчески, прилепчани плаќаат и до 300 отсто повисок данок на имот, сметките за комунални услуги се покачени за 67 отсто, поскапни се и паркингот и јавниот градски превоз.
За привремени вработувања на партиски војници на ДПМНЕ, Борче Јовчески потроши фантастични 700.000 евра, пари на граѓаните на Општина Прилеп.
Иако за 2 години потрошија близу 50 милиони евра, Јовчески и ДПМНЕ не успеаја да реализираат ниту еден проект од нивната изборна програма.
Нема катни гаражи и нови кружни текови. Ветената реконструкција на Старата прилепска чаршија, градските плоштади и амфитеатарот во Варош, останаа мртво слово.
Нема бесплатен оброк за учениците до четврто одделение, ниту бесплатни училишни униформи за децата од социјално загрозените семејства. Повеќе од 250 дечиња и натаму ја чекаат новата детска градинка.
Наместо градежна офанзива, на Прилеп му се случува урбанистички хаос. Дивоградби никнуваат на секој чекор, а градот е потонат во целосен мрак. Прилеп се гуши во смет и ѓубре, загаденоста на воздухот достигнува алармантни размери.
Јовчески и ДПМНЕ ја згаснаа 20-годишната традиција на „Пивофест“.
Со нив, спортот во градот го допре дното, вклучително и гордоста на прилепчани – фудбалскиот клуб „Победа“.
ДПМНЕ и Јовчески не ја оправда довербата од прилепчани дадена на локалните избори.
ДПМНЕ ги разочара и изневери граѓаните на Прилеп.