СДСМ : СО ПОЛИТИКИТЕ НА СДСМ И ЧЛЕНСТВОТО ВО НАТО СМЕ БЕЗБЕДНА И СИГУРНА ЗЕМЈА

0
300
Со исправните политики на СДСМ и членството во НАТО земјата е безбедна и сигурна.
Одржувањето на неформалниот состанок на лидерите на државите членки на НАТО од регионот е уште една потврда дека нашата земја е препознаена како ценет НАТО сојузник и фактор на стабилноста во Западен Балкан.
Безбедносната стабилност носи економски просперитет. Странските инвеститори ја препознаваат Северна Македонија како сигурно место за вложувања, со што се обезбедуваат подобри работни места за нашите граѓани, повисоки плати и раст на животниот стандард.
СДСМ со храбри и решителни одлуки ја внесе државата во НАТО.
Продолжуваме да работиме забрзано и посветено до целосно интегрирање и во Европската Унија, како што тоа го направивме со НАТО.
Продолжувањето на европскиот пат сега зависи само и единствено од нас и од одлуките што треба да се донесат во собранието.
Членството во ЕУ е стратешка цел, друга алтернатива нема.
Граѓаните заслужуваат подобра иднина, подобар животен стандард, млади кои ќе работат во својата држава членка на ЕУ и ќе придонесуваат за нејзиниот просперитет.