(ФОТО ГАЛЕРИЈА + ВИДЕО) ПА КАКВА ХУНТА Е ОВАА ВО ПРИЛЕП?! ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ИЛИЈА ЗАСУКАЛ РАКАВИ И АСФАЛТИРА ЛИ АСФАЛТИРА, КОПА ЛИ КОПА, ВАДИ ГРАДЕЖНИ МАШИНИ НА ТЕРЕН И ТРИСТА ДРУГИ ВРАГОВИ!!!

0
1376

Општина Прилеп ги користи поволните временски услови и во полн ек ја
спроведува комуналната програма за уредување на улиците во градот за 2018
година. Во оваа “градежна офанзива“ на Општината, изминативе денови се
асфалтираше улицата „Архимедова“, како и крак од улицата „Блаже Иваноски“,
покрај старите гробишта во населбата „Рид“.

„Се наоѓаме на улицата „Архимедова“, каде после тампонирањето истата е
асфалтирана со асфалт од 7 сантиметри. Вкупната површина е околу 900 м2,
со што имаме уште една сообраќајница која ќе биде корисна за нашиот град и
со добра корисна површина. Исто така, во овој период извршивме
асфалтирање на улицата покрај старите гробишта, од новата капела, па, се’ до
спојот со улиците во „Штавичко маало“. Тука имаме околу 1.300 м2, или околу
400 метри должина од улицата, која, исто така, беше доста проблематична. На
таа нагорнина често се случуваше со врнежите да се создаваат бразди и
нерамнини, а со овој зафат веќе имаме нова асфалтна површина и нема да ги
има тие дупки и користењето секогаш ќе биде многу поповолно. Овие улици се
асфалтираат за прв пат, досега беа во онаа затекната состојба со земја и
тампон, а сега веќе имаат нова асфалтна површина“, истакна Благоја Богоески,
надзор над градежните активности на улиците во Општина Прилеп.