ПЕНДАРОВСКИ : МИЦКОСКИ СЕ СМЕТА ЗА НАСЛЕДНИК НА ВАНЧО МИХАЈЛОВ

0
129

„Не памтам во последните 20 години дека првите луѓе на таа политичка партија кажале барем еднаш вистина. Значи дали некој се чувствува како Бугарин или како Македонец, тоа е лично чувство и во тоа не се задира.

Меѓутоа кој како се декларирал. Тоа можеме да го видиме од бројните барања во нивното раководство каде што повеќе од половината во нивниот извршен комитет имаат бугарски пасоши и државјанства и таму пишуваат дека се од дедо и прадедо Бугари. Значи за што сакаат да зборуваме?

За тоа дека половина Извршен Комитет му се Бугари, затоа што се декларирани како такви или за тоа што се случило пред 120 години? Ако тие негови најблиски соработници во 2024 година или 2020 година се декларираат како Бугари, што очекуваме во време кога не постоела македонска држава, кога ние не сме можеле слободно да ја изразиме нашата волја?

Македонската јавност треба да знае дека претседателот на главната опозициона партија се смета себеси за наследник на Ванчо Михајлов. Да повторам уште еднаш – значи Христијан Мицкоски вели дека Ванчо Михајлов бил претседател на историското ВМРО – тоа е на денешното ВМРО.

Тоа било исто. Ако тој се чувствува, како што се чувствувал Ванчо Михајлов, како наследник негов, значи и тој е етнички Бугарин“, одговори Пендаровски.