ЕВЕ КОЈ ГО НАПАДНАЛ ПРАТЕНИКОТ ГОРАН МИЛЕВСКИ : ДОКОЛКУ ГО ПОЗНАВАТЕ ИЛИ ПОЗНАЕТЕ ПРИЈАВЕТЕ ГО ВО МВР

0
1218

Во врска со кривично – правниот настан од 25.03.2018 година случен на плоштад  ,,Македонија,, при што физички беше нападнат Г.М  – пратеник во Собранието на Република Македонија, по извршена консултација со Јавен обвинител, а врз основ на член 561 став 1 и член 563 став 2 од Законот за кривична постапка на Република Македонија, се врши јавна објава на фотографија за едно лице кое што е важно за постапката.
За таа цел ги повикуваме сите граѓани кои имаат било какви сознанија за лицето, веднаш да известат во најблиската полициска станица, да пријават на  телефонскиот број 192, да ја употребат апликацијата ,,Пријави сомнително лице“  на официјалниот сајт на МВР  или да пријават во  Јавно обвинителство.