СДСМ : ПРИДОБИВКИТЕ ОД ЕУ НА ДЕЛО – 100 МИЛИОНИ ЕВРА МАКРОФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ЗА МАКЕДОНИЈА

0
662

ЕУ одобри макрофинансиска помош од 100 милиони евра за Република Северна Македонија, со кои Унијата го поддржува планот на нашата држава за справување со енергетската криза и реформите важни за евроинтеграцискиот процес.

Ова е конкретна, силна финансиска поддршка и директна придобивка од процесот на интеграција во ЕУ.

Истовремено, ова е признание за силната посветеност на Владата предводена од СДСМ во спроведување на потребните реформи.

Преку овие 100 милиони евра кои ќе се користат во 2023 и 2024 година, ќе се поддржат фискалната одржливост и структурните реформи за фискално управување, даночната политика, управувањето со јавните инвестиции, јавно-приватните партнерства, деловното окружување, транспарентноста во државната помош, енергетската ефикасност, реформите во судството, како и борбата против корупцијата.

За потсетување, нашата држава и 2020 и 2021 година користеше 160 милиони евра макрофинансиска поддршка од ЕУ за справување со економските последици од коронавирусот.

Сето ова е уште еден показаел колку е важно процесот на реформи да продолжи, со отворањето на првите поглавја и со забрзување на интеграцијата, поддршката од ЕУ ќе биде се поголема, а нашите граѓани ќе добиваат поквалитетни услови за живот, но и за развој на сопствените бизниси.