Заев на ТВ21: Работиме на брзи постапки за да обезбедиме средства, солидарно, без политички калкулации да и помогнеме на економијата

0
1236
Треба да делуваме брзо во обезбедување на дополнителни средства за да и помогнеме на економијата, да им помогнеме на компаниите и на граѓаните, порача вечерва претседателот Зоран Заев во линковско вклучување во емисјата Клик плус на ТВ 21.
Еврообврзницата овој период веројатно и не треба да ја земаме заради тоа што постапката за еврообврзница е повеќе од два месеци а поприлично после два месеци парите ќе станат многу скапи, сега се поефтини парите и треба брзо да дејствуваме затоа што и коморите, деловните субјекти очекуваат брза помош и поддршка, не можат да чекаат неколку месеци за да им се помогне. Веројатно ќе ја искористиме алатката за премостување на еврообврзницата и тука ни стојат неколку алатки на рапсолагање, како од Меѓународниот монетарен фонд, така и од Светска банка, порача Заев.
Во однос на формирањето на посебен комитет кој би водел контрола врз трошењето на парите од задолжувањето, Заев истакан дека тој нема никакви предрасуди да се вклучарт сите капацитети во расподелување на средствата.
Немам никакви предрасуди, Владата и министерството за финансии нека ги вградат сите стручни капацитети без разлика дали се тоа луѓето на ВМРО – ДПМНЕ кои што денеска се институционален капацитет на државата тоа е заменичката дополнителна министерка во финансии и другите капацитети кои што ни стојат на располагање, ниту е тајна задолжувањето ниту пак трошењето на парите, ќе ги земем кредити кои што сите ги враќаме безразлика на наша политичка определба…а секако ќе помагаме на сите подеднакво и на стопанството и на граѓаните, јас лично немам проблем ќе дадам сугестии на нашите политички претставници во владата од премиерот, потпретседателот за економски прашања Мила Царовска до министерката за финансии но и верувам и на другите ресори од министерства од економијата да нема предрасуди заедно да ја истуркаме како што реков солидарно рамо до рамо без било какви политички калкулации целста организација и поддршка на нашето стопанство, посочи претседателот Заев.
Претседателот Заев го поздрави чинот на авансна уплата на даноците од страна на претпијатија и банки со што даваат позитивен придонес кон помош на економијата.