СДСМ : ОД ДПМНЕ ДА СЕ ИЗВИНАТ ЗА ЛАЖНИТЕ ВЕСТИ ЗА ПРАЗНИКОТ И СКВЕРНАВЕЊЕТО НА 11 ОКТОМВРИ

0
450
Срамно е што со лажните вести кои ги шири ДПМНЕ го сквернави државниот празник 11 Октомври и покажува непочитување на празникот, на медиумите и на граѓаните.Воопшто не е точно дека на државната свеченост по повод Денот на народното востание, 11 Октомври.Впрочем на самото видео објавено на опозициските портали се гледа дека станува збор за вклучување на една национална Телевизија во живо, повеќе од 30 минути од завршување на државната свеченост, кога во позадина се гледа дека веќе се демонтира поставената сцена.
Јасно е од каде доаѓа идејата за манипулацијата на ДПМНЕ, во нивно време немаше никаква разлика помеѓу државата и партијата. Иако можеби за нив тоа е нормално однесување, поради кое сите ние 11 години живеевме во заробена држава, сепак СДСМ како државотворна партија ги има предвид исклучиво државните интереси и постапува соодветно со тоа.
Изминатите 6 години преку различни носители на јавни функции кои доаѓаат од редовите на СДСМ, ние активно учествуваме во унапредување на демократијата, и имаме целосна почит и јасно разграничување во работата на институциите и партијата. И тоа, секојдневно го докажуваме и покажуваме на дело.Партискиот настан на СДСМ со кој членството на СДСМ оддаде почит кон големиот празник на кој почиваат антифашистичките државотворни идеи на земјата, програмски, суштински и временски се разликуваше од сите останати прослави организирани и од централната и од локалната власт.
Партиската химна на СДСМ беше дел од партискиот настан кој започна во време на вклучувањето на националната Телевизија во живо.За жал нема никаква промена во ДПМНЕ, во Белиот дворец се уште владее матрицата за ширење невистини, лаги и манипулации.ДПМНЕ треба да се извини на граѓаните за сквернавењето на 11 Октомври, државниот празник на којшто почива темелот на македонската државност.