СДСМ : НА ИЗБОРИТЕ СЛЕДНА ГОДИНА СЛЕДИ ДВОЕН ПОРАЗ НА АНТИЕВРОПСКИТЕ МИЦКОСКИ И ДПМНЕ

0
557
Антиевропскиот концепт на Мицкоски и ДПМНЕ е антимакедонски концепт.
Тој антиевропски и антимакедонски концепт ќе биде поразен.
Победата на СДСМ и Европскиот фронт на следните претседателски и парламентарни избори ќе биде двоен пораз за антиевропските Мицкоски и ДПМНЕ.
Граѓаните не сакаат нова изолација, нови иселувања на младите, стагнација и неизвесност. Граѓаните сакаат европска иднина, поголеми плати, подобар животен стандард, сакаат младите својата иднина да ја градат во европска држава, дома, во својата татковина.
Победата на СДСМ и Европскиот фронт на претседателските избори и на парламентарните избори и формирање на новата проевропска влада ќе го обезбеди правецот по којшто се движи земјата, да остане на европскиот пат.