СДСМ : ДКСК ЈА ПОТОПИ ЛАГАТА НА ДПМНЕ И ПОТВРДИ – НЕМА КОНФЛИКТ НА ИНТЕРЕС КАЈ КОВАЧЕВСКИ

0
438

Уште една фабрикувана лага на ДПМНЕ за претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски падна во вода, ДКСК ја потопи целосно.

Државната комисија за спречување на корупцијата ги демантираше сите лаги на ДПМНЕ и нивната измислена афера „Броило“ и потврди: нема конфликт на интерес кај Ковачевски.

Со денови ДПМНЕ водеше хајка со лаги, со манипулации. Сите лажни видеа, анимации, изјави, прес конференции од белиот дворец се потврди дека се голема лага, ништо повеќе.

Ништо не се менува во ДПМНЕ, предводена од Мицкоски. Освен блокади и ширење лажни вести, шпекулации и фабрикувани дезинформации ништо друго и не знаат.

ДПМНЕ сега најмалку што може е да им се извини на граѓаните за изнесените лаги.